„Ефективно управување со кризна комуникација“ – работилница на МВР во соработка со ОБСЕ

Вчера во Охрид во хотелот Инекс Горица во организација на мисијата на ОБСЕ во РМ започна со работа тридневната работилница (28/29/30.09.) на тема „Ефективно управување со кризна комуникација“ наменето за потребите на службите во МВР задолжени за односи со јавноста.

„Сензибилноста на кризните околности е сериозен предизвик за која било институција, затоа што во основата на секоја криза лежи прашањето за безбедноста, независно дали станува збор за безбедноста на граѓаните, на материјалните добра или на општеството во целина“, истакна помошникот на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста, Иво Котески, во своето воведно обраќање. 

Во рамки на работилницата ќе бидат опфатени повеќе прашања од темата почнувајќи меѓу другото од управувањето и дистрибуицијата на критични и чувствителни информации, потоа начини на работа со во ургентни околности, за правните аспекти и можните импликации при соопштувањето информации во критични ситуации и друго. Целта на работилницата е преку интерактивна пристап со бројни, различни примери, симулации и дискусија, да се приближат и појасната повеќе аспекти особено фокусирајќи се на психологијата на комуницирање за време на криза и улогата на портпаролот во кризни околности. Предвиденот е да биде реализирано и сценарио со симулација на вонредни околности.

RabotilnicaMVR_02 RabotilnicaMVR_03