Екипи на јавното претпријатие „Нискоградба“ од денеска интензивно работат на уредување на пешачката зона на улицата „Питу Гули“ пред влезот на О.У. „Христо Узунов“, каде асфалтната подлога се заменува со бехатон.
По налог на Локалната самоуправа, во тек е и уредувањето на пешачките патеки покрај езерото. Активностите за уредување, санација и реконструкција на пешачките патеки низ градот се одвива етапно и ќе продолжат во континуитет.