Акција за кабаст отпад од „Христо Узунов“, „Карабегомала“, „Горна Влашка Маала“ во сабота

 Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид, ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 5-ти октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населбите „Христо Узунов“, „Карабегомала“ и „Горна Влашка Маала“.

 Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.