Во врска со активностите за изградба на нов покриен пазар на Бул. Туристичка, од ЈП „Градски Пазар“ известуваат дека, со оглед на тоа што ЈП „Градски Пазар“ Охрид е претпријатие кое врши дејност од јавен интерес, секогаш ќе ги застапува интересите на корисниците на услуги и потребите на граѓаните.
Во сите фази на реализација на проектот за изградба на нов современ Пазар, ЈП „Градски Пазар“ Охрид ќе овозможи непречено функционирање на пазарот, согласно принципите на сигурност во давање на услугите, континуитет и квалитет на услугите, транспарентност, јавност, достапност и заштита на корисниците и потрошувачите.
Во овој момент во тек е тендер за изработка на физибилити студија која ќе ја покаже потребата и начинот на реализација на овај проект, а во фаза на изготвување техничка документација за идејно решение и основен проект, ќе бидат испочитувани сите норми за современ покриен пазар како и потребите на граѓаните и корисниците на услугите.