Писмо: Диви продавачи на овошје и зеленчук на секој чекор низ Охрид

Загрижен охриѓанец  упати допис до нашата редакција во кој стои: „Овие диви продавачи на овошје и зеленчук ги има на секој чекор низ градот. Продаваат на улица, со прашина, овошјето се расипува и тука го фрлаат, мириса на сите страни, а плус е канцерогено, може да се затрујат луѓево. Како може вака? Срамота е, ќе се испоразболиме сите! Исто така, не плаќаат ниту даноци ниту ништо, а претставуваат и грда слика за туристите. Веќе е пријавено во сите инспекции, нека дојде инспекција нека види!“ – стои во дописот од нашиот…

повеќе...

Поставен камен темелникот за затворениот градски пазар

Денес со пригодна свеченост беше поставен камен темелникот на објектот за новиот градски затворен зелен пазар. Обраќајќи се пред присутните, градоначалникот Никола Бакрачески, испрати искрена честитка до првиот човек на АД „Илинден“ Радован Трајковски, за неговата храброст да инвестира во овој капитален објект за Охрид. „Непроценливо е чуството да бидеш дел од тимот кој што ги реализира проектите, капиталните инвестиции што генерации наназад ги ветуваа, но не успеаа да ги исполнат. Трудот кој што сите поединечно, но и како тим го вложивме, денес, го здогледува светлото на денот. Со оваа капитална…

повеќе...

Охридскиот пазар на нова – привремена локација

Охридскиот градски пазар се наоѓа на нова – привремена локација. Поради подготовки за изградба на нов затворен Градски пазар, на просторот на кој до вчера беше стариот пазар,  тезгите мораше да бидат преместени на друга соодветна локација. Како најблиска можна локација беше избран поранешниот паркинг кој е во непосредна близина. WebOhrid

повеќе...

Низа градежни активности во ОУ „Христо Узунов“

Во ОУ „Христо Узунов“ се преземаат низа градежни активности од страна на техничката служба на училиштето и ЈП „Градски Пазар“. „Во дворот на училиштето се оградуваат тревните површини со модерни огради, се променува мрежата на Спортското игралиште, се уредуваат кошовите, на делови се реновира и подот во ходниците како и дотраената лимарија во дворот на училиштето. Сето тоа се прави за безбедноста на учениците и подобрување на амбиентот и средината во која учениците се движат.“ – информираат од ОУ „Христо Узунов“.

повеќе...

Се обновува оштетената ограда околу ОУ „Св.Климент Охридски“

Деновиве ЈП„Градски пазар“ во ОУ„Св.Климент Охридски“ започна со обновување на оштетената ограда околу училиштето. „Посебен акцент се стави на спортското игралиште, кое често се користи од учениците, но и од спортските рекреативци од стариот дел на градот.“- информираат од училиштето.

повеќе...

Утре и задутре „Велигденски саем“ во Охрид

Во организација на локалната самоуправа, ЈП „Градски пазар“ и Црвен крст Охрид, по трет пат, на 28 и 29 април, ќе се одржи манифестацијата „Велигденски саем“. На просторот на плоштадот “Крушевска Република“ на повеќе штандови ќе биде изложена традиционална храна, колачи, велигденски украси и ракотворби, а собраните средства од продажбата ќе бидат доделени на социјално загрозените семејства во градот. На манифестацијата што ќе има хуманитарен карактер ќе учествуваат ученици од охридските училишта, детските градинки и играорни групи.

повеќе...

Се санираат заштитните огради на спортските и детски игралишта во Охрид

Градежно-оперативните екипи нa ЈП „Градски пазар“ деновиве активно работат на санација на металните заштитни огради на детските и повеќенаменските спортски игралишта лоцирани на различни делови во Охрид. Деновиве се работеше на поставување и досредување на новата заштитна мрежа на детското спортско игралиште на улица „Карпош Војвода“, а се постави и нова мрежа на детското спортско игралиште во населба „Христо Узунов“. Екипи на оваа претпријатие работеа и на обновување на оштетената и насилно отстранета заштитна ограда на кружната раскрсница на пресекот на булевар „Туристичка“ и ул. „Македонски Просветители“’. Градежните активности на…

повеќе...

АХВ: На пазарот во Македонија нема небезбедни сокови за деца

Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите изнесени во вчера објавениот напис на порталот centarnews.net со наслов “Внимавајте: Отровни детски сокови во Македонија- граѓаните реагираат”. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, денес, понеделник, 18.01.2016 година, извршија контрола кај компанијата Соко Горица дооел,за која во написот неосновано се тврди дека е производител на небезбедни сокчиња за деца.Од страна на инспекциските служби, со контролата констатирано е дека станува збор за оператор со храна кој е регистриран во Агенцијата за храна и ветеринарство и кој го има имплементирано HACCP…

повеќе...

Богата понуда за Бадник во и вон тезгите во Охрид

Посно, но сепак богато и вкусно. Преполните тезги ги натераа останатите продавачи да ги „окупираат“ тротоарите и останатите прометни места. Асортиманот е навистина богат. Покрај бадниковите гранчиња, се продаваат најразновидни домашни производи кои би ја збогатиле вечерната Бадникова трпеза. Продавачите нудат јаболка, ореви, костени, тикви, компири, вино, мед, киви, пченка, грав и сл. WebOhrid

повеќе...

Заев на Бит Пазар и во старата чаршија: Почит, верба и силна поддршка

Со голема почит и силно изразена поддршка за промени, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, беше пречекан од граѓаните, занаетчиите, дуќанџиите и пазарџиите од Бит пазар и Старата скопска чаршија. Видливо беше задоволството од посетата на претседателот на СДСМ. Срдечни поздрави и охрабрувачки пораки да продолжи по патот на вистината, правдата и правичноста, на патот што треба да донесе промени, нормализација и економски напредок на државата. Занаетчиите, дуќанџиите и пазарџиите се жалат дека прометот постојано им опаѓа. Сите чувствуваат дека народот нема пари, едвај крпи ден за ден, дека економијата тоне.…

повеќе...