Колумбискиот град Туна претендира да го собори светскиот рекорд во пиење кафе, бидејќи на неговиот плоштад се собрале вкупно 13.800 луѓе кои истовремено пиеле кафе.
Масовното пиење кафе го организирале локалните власти од источната провинција Бојака и Националното здружение на производители на кафе во Колумбија, земја која произведува некои од најдобрите видови на кафе во светот, вклучувајќи го кафето „Арабика“.
Организаторите соопштија дека доказите за овој настан веќе се предадени на Гинисовата книга на рекорди.
Претходиот рекорд беше поставен во 2009 година во Југенпарк во Келн, каде во исто време кафе пиеле 8162 луѓе.