Нашиот репрезентативец Горан Пандев уште еднаш имаше клучна улога во победата за Наполи 4:0 против Ливорно. Тој го постигна првиот гол уште во 4 минута, додека пак асистираше за третиот гол на неговиот тим во 54 минута.
Пандев излезе од игра во 77 минута, а Наполи после тоа постигна уште еден гол, во 83 минута и го постави конечниот резултат.
WebOhrid