Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ утрово отпочна сеопфатна акција за расчистување на предворјето на црквата Св.Софија.
Акцијата опфаќа уредување на тревникот пред црквата, западниот дел на црквата Св.Софија кадешто во летниот период се одржуваат дел од настаните на фестивалот „Охридско Лето“, се расчистува сметот, а внатрешноста на колонадите ќе се дезинфицира.
Граѓаните од стариот дел на градот изразија голема благодарност за расчистувањето и апелираа, и во иднина да се сочува чистотата кај црквата Св.Софија, бидејќи е еден од најрепрезентативните објекти во стариот дел на Охрид.
На 10 октомври 2013, во рамките на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија 2013 во црквата Св.Софија ќе се одржи Класичен Хуманитарен концерт.