Локалниот совет на млади од Охрид спроведува кампања „Моја идеја, за мојот град да биде вечно млад“

Во насока на креирање на Програмата за работа на Локалниот совет на млади при Општина Охрид за 2014 година, оваа недела Локалниот совет прибира идеи од младите луѓе во градот. За таа  цел  советот  спроведува кампања под мотото „МОЈА ИДЕЈА, ЗА МОЈОТ ГРАД ДА БИДЕ ВЕЧНО МЛАД“.

„Отворено ги покануваме младите, односно и сите кои имаат идеи за тоа како да се подобри општественото живеење во нашиот град, а воедно и статусот на младите во општината, да ја напишат својата идеја да ја достават или во Архивата на Општината со назнака за Локален совет на млади или електронски на нашиот маил: lokalensovetnamladi@ohrid.gov.mk “ – информира Горан Шибаковски претседател на локалниот совет на млади при Општина Охрид.