Практично почнаа да се реализираат неодамнешните најави на градоначалникот Никола Бакрачески, по неколку часовната обиколка низ градов, дека неговиот влез мора да биде непречено чист. Викендов комуналните радари на дело го фатиле лицето со иницијали А.Б. како во непосредна близина пред депонијата Мауцхер, нелегално фрла градежен шут. Инспекторите кои по налог на градоначалникот 24 часа дежураат на терен постапиле согласно Законот за Јавна Чистота. На лицето А. Б. му е изречена соодветна парична казна кое е должно да ја плати во рок од 8 дена, во спротивно за него ќе следи прекршочна пријава. Оваа казна за правните лица е 3 000 евра.
Во насока на чист градски влез, најавено е дека просторот пред Мауцхер ќе биде осветлен и со радари. Зачудува фактот зошто охриѓани одлучуваат да го фрлат отпадот пред влезот на депонијата Мауцхер, а не во неа, кога паричниот износ за истовар на шутот во неа не е повисок од 100 денари.