Во Охрид отворена фотографска изложба по повод Денот на Европската територијална соработка

„Ние припаѓаме овде – Животот, луѓето и природата во прекуграничната област“, е насловена фотографската изложба што денес се отвори во Центарот за Култура „Григор Прличев“, а по повод  Денот на Европската територијална соработка.

„Чест ни е што го одбравте Охрид  за одржување на овој настан, бидејќи нашиот град е во првите во Република Македонија каде се промовира и имплементира транс граничната соработка, преку реализирањето на проектот за заштита на Охридското езеро. Во овој момент општина Охрид аплицира на неколку проекти од ИПА програмата: Water–net промоција на водно богатство и изградба на инфраструктура поврзана со водата;  BHF- развој на алтернативни форми на туризам преку изградба на велосипедски и планински патеки; Промоција на религиозно наследство  на Охрид со изработка на 3D мапа на религиозни објекти и унапредување  на вработување на младите со програма на обука“, истакна во своето обраќање градоначалникот Никола Бакрачески.

Пред присутните се обратија и министерот за Локална самоуправа, Тахир Хани, шефот на операцијата  при делегацијата на ЕУ во Скопје, Мартин Клоќе и претставникот на Министерството за развој и конкурентност на Република Грција, Катерина Самоковли.

Изложбата е дел од активностите на Министерството за локална самоуправа, ИПА- програмата за преку гранична соработка  со Грција и ЕУ во Република Македонија.

Water_net_4853 Water_net_4852