Од полноќ бензините поевтини за 1,5 дизелот за 2 денари

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините за 1,5 денари, а дизелот поевтинува за 2 денари.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС- 95 е 78 денари, што е намалување од 1,5 денари, а за истиот износ се поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС-98 денари и сега ќе чини 79,50 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава за 69,50 денари, за два денари помалку од претходната цена 71,50 денари. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит со што таа изнесува  58,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,278 ден/кг  и со тоа цената на М-1 НС изнесува 40,943 ден/кг.