Заврши Октоберфест со испиени 6,7 милиони литри пиво

Заврши Октоберфест, најголемиот народен фестивал на светот. Оваа година со 6,4 милиони гости, кои испиле 6,7 милиони литри пиво.

Организаторите на овој фестивал соопштија дека се задоволни со билансот. Статистиката кажува дека имало и пијани и повредени, 7551 побарале лекарска помош најмногу заради претерување со алкохол. Но, и покрај тоа, оваа година забележани се 20% помалку инциденти од минатата година. Полицијата интервенирала 2031 пат, исто како и минатата година.

Октоберфест, заштитниот знак на Баварија, се одржува скоро два века. Музиката и алкохолот се дел од оваа забава, а кога станува збор за Баварците, досегашното искуство покажува дека се пие онолку пиво колку што има посетители. Голем број од гостите не пијат пиво, но затоа тука се оние кои обожаваат пиво и го надополнуваат билансот на испиено пиво.