Се доуредуваат муслиманските гробишта

Во пресрет на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, Јавното Претпријатие „Градски Гробишта“, денес започна акција на доуредување на депонијата во муслиманскиот дел од гробиштата, комплетно уредување и поплочување на 100 гробни места, средување на парковите  и високото зеленило како и  просторот помеѓу гробовите. Од претпријатието најавија и средување на паркинг просторот.