Според последните информации од терен, даночните контролори од Управата за јавни приходи затворија 40 деловни објекти во Маврово, Дебар, село Јанче, Струга, Лабуниште, Радожда, Враниште и Скопје, односно на сите им е изречена парична глоба и мерка времена забрана за вршење дејност.
И покрај постојаните апели од УЈП до даночните обврзници да издаваат фискални сметки и да го регистрираат прометот, како и јавните објави дека Управата зајавни приходи континуирано врши интензивни контроли на терен во делот на фискализацијата, некои даночните обврзници продолжуваат да го заобиколуваат законот. Контролите се во тек и ќе продолжат во наредниот период.