СВР Охрид со честитка по повод 11 октомври

По повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ, СВР Охрид до сите граѓани упатува искрени честитки за среќен и долговечен празник.

„Почитувајки ги слободарските традиции на македонскиот народ и оддавајќи почит на македонските поборници за слобода и мир, како служба, неуморно ја продолжуваме нашата мисија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи. Бескомпромисно се бориме со сите видови и форми на криминалитет преферирајки проактивен пристап и соработка со граѓаните.

Најдобро што можеме го развиваме концептот на блискост со граѓаните и нивни вистински сервис со максимална посветеност на професионализмот како основен постулат во справувањето со криминалитетот“. – стои во честитката.