„Aerobic Open Day“ вечерва во СРЦ „Билјанини Извори“

Да се промовира спортот, физичката активност како еден здрав начин на живот е целта на „Неделата на движењето“ која ја организира ЈП „Билјанини Извори“ во соработка  со Федерацијата за рекреативен спорт.

Третиот настан по повод Светската „Недела на движењето“ е „Aerobic Open Day“ кој ќе се одржи вечерва во спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток во 20:00 часот, а со тоа ќе заврши овогодинешната „Недела на движењето“.

„Би сакал да ги поканам сите граѓани на Охрид кои што сакаат да вежбаат аеробик, затоа што ќе има неколку видови на аеробик како промоција. Аеробикот според нас е многу битен, знаеме што значи аеробикот за нашето вежбање. Јас се надевам дека од денес граѓаните на Охрид ќе добијат еден нов патоказ каде би требало да се движат, затоа што знаеме дека во денешно време од здравствена гледна точка кој е најголем проблем за нашето здраво живеење. Аеробикот е решение на тоа, така што убеден сум дека и во иднина ќе има такви активности, граѓаните ќе го препознаат тоа, значи инспекторите кои ги ангажиравме се спремни да ги прифатат, убеден сум дека ќе биде позитивно оценето од страна на граѓаните“, – истакна в.д. директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Иван Цветкоски.

Покровители на настанот се Агенцијата за млади и спорт и Меѓународната асоцијација за спорт и култура ISCA со седиште во Копенхаген.