Света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 октомври (понеделник), во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.