Ј.П. „Охридски Комуналец“ Охрид денеска во 5 часот започна акција за багеровање и отстранување на наносите на муљ на потегот пред хотел „Милениум“. Овој муљ се јавува како резултат на нискиот водостој на Охридското Езеро и поради периодот на скапување на езерските алги.
Паралелно со ова рачно се чистеше езерото и пред хотел „Палас“ од наноси на окрек и реса, на кое место редовно преку цела година се собира трска, реса, окрек.
Во акцијата на расчистување по предходен налог од Комуналната инспекција учествуваа Р.Е. „Механизација“ и Р.Е. „Јавна Хигиена“ при што беа отстранети 30 м³ муљ и алги.