Запленето поголемо количество шверцувана стока вредна околу 500.000 денари

Регионалниот центар за гранични работи-Север, завчеравечер (10 октомври) реализираше случај на кримчарење со текстил при што беа запленети околу 3254 парчиња разновиден текстил натоварени на четири коњи со вредност на стоката од околу 450 000 до 500 000 денари. Во врска со случајот РЦ за ГР Север до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, ќе поднесе соодветна  пријава против НН сторител, поради постоење на основано сомнение дека извршило кривично дело „криумчарење“.

Имено, по предходни оперативни сознанија и изготвен план за постапување на службите на м.в. “Широка ливада“, атар на с.Горно Блаце спречено е кримумчарење на стока преку државната граница. Околу 21:00 часот УПС забележале движење на конвој од четири коњи кои ги водело НН лице како се движат од правецот на Косово кон Р.Македонија. Кога се приближил конвојот,  УПС го сопреле конвојот со повикот “Стој полиција“ при што НН лицето се дало во бекство во шумата, а четирите коњи натоварени со стоката се одведени до ПС за ГН Горно Блаце.

Притоа утврдено е дека се работи за следната стока: женски хеланки-650 парчиња, машки кратки јакни – осум парчиња, детски чорапи- 310 парчиња, долги машки јакни – осум парчиња, балетанки – 108 парчиња, женски фармерки – 76 парчиња, детски дуксери – 157 парчиња, женски градници – 300 парчиња, женски килоти – 225 парчиња, кујнски престилки – 600 парчиња, женски џемпери – 210 парчиња, женски плетени џемпери – 16 парчиња, женски блузи – 90 парчиња, женски блузи со циркони 45- парчиња, женски џемпери со копчиња – 75 парчиња, женски туники – 20 парчиња, женски фустани 48, здолништа – шест парчиња, женски сакоа – две парчиња.

Од страна на инспекторите од ОИМПК криумчарената стока е преземена од ПС за ГН Блаце. Истата е обезбедена и сместена во просториите на РЦ Север за понатамошна постапка.

kriumcarenje konji vnatre 12.10.2013