Светската Здравствена Организација (СЗО) е одлучна да ја исфрли живата од медицинските термометри, бидејќи Обединетите нации потпишаа договор за контрола на овој отровен течен метал.
„Живата е еден од 10-те најголеми хемиски извори која претставува опасност за јавното здравје, а се работи за супстанца која се шири и останува во екосистемите на генерациите, наштетувајќи им на здравјето и интелектуални оштетувања на изложената популација“, – изјави генералниот секрертар на СЗО, Маргарет Чен.
Светската здравствена организација соопшти дека до 2020 година сака да ја исфрли од употреба живата во медицинските термометри, како и од уредите за контрола на крвниот притисок.
Целта ќе биде постигната доколку биде запрено производството, увозот и извозот на таквите уреди, а да се изнајдат и воведат пристапни и прецизни алтернативни решенија.