Во сите детски градинки низ Македонија, како и на охридската градинка потребен им е нов стручен кадар. Од Министерството за труд и социјална политика, како што истакнаа, постојано ја следат состојбата околу недостигот на кадар и во охридските градинки. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во Охрид изјави дека во охридската градинка дадени се 5 согласности за 5 нови вработувања.
„Изминатиов период, односно само оваа година дадени се повеќе од 300 согласности за вработување на 300 лица, стручен кадар, во градинките ширум Република Македонија. Во градинката во Охрид дадени се 5 согласности досега за 5 нови вработувања, така што и во наредниов период ќе продолжиме да ја следиме состојбата и да бараме различни начини како да помогнеме, со цел да се реализираат сите потреби и потребни вработувања, не само во Охрид, туку и во сите други детски градинки во Република Македонија“, – истакна министерот Спасов.
WebOhrid