Честитка од ОК на ВМРО-ДПМНЕ по повод Курбан Бајрам

Општинскиот комитет на ВМРО–ДПМНЕ Охрид на сите верници од исламската вероисповед во Општина Охрид им го честита муслиманскиот верски празник Курбан  Бајрам.

„Со искрени чувства на уважување кон големиот муслимански празник, би сакале на сите припадници на исламската верска заедница и на нивните смејства да им посакаме многу здревје, среќа и успех.

Празникот Курбан Бајрам, на симболичен начин, ја претставува жртвата, односно Курбанот, всушност чин, кој во себе содржи возвишени значења и сеопфатни позитивни ефекти.

Мултиконфесионалниот карактер на Р. Македонија и Охрид е дел од традицијата на овие простори и тоа  придонесува за подоброто разбирање помеѓу луѓето и напредок на заедницата. Оние кој го почитуваат Божјото слово го почитуваат и човекот и неговите човечки вредности.

Во името на тие вредности ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид на сите сограѓани со исламска вероисповест им посакува убави празнични денови.

Со Почит, ОК ВМРО–ДПМНЕ Охрид“