На Сатурн и Јупитер врнат дијамантски дождови?

Американските научници веруваат дека на џиновските планети од Сончевиот систем, Сатурн и Јупитер, врнат дождови од дијаманти.

Новите податоци од Јупитер и Сатурн покажуваат дека во атмосферата од овие планети се наоѓаат големи количини на јаглерод во кристален облик. За време на бурите метанот се претвора во чад кој се стврднува додека паѓа и така се формираат парчиња јаглерод, а потоа и дијаманти. Овие дијаманти на крајот успеваат да стигнат до течниот дел од планетите. Според тоа, се претпоставува дека на Сатурн годишно настануваат околу 1000 тони дијаманти.

Иако често се поставува прашањето како научниците знаат дека на Сатурн и Јупитер настануваат дијаманти кога не може да се набљудува тој процес, научниците истакнуваат дека се прилично сигурни во тоа, благодарение на хемијата.