По повод „Недела на борба против гладта“ и во рамките на активностите кои координирано ги превземаат Локалната самоуправа и општинската организација на Црвениот крст од Охрид за прибирање на прехрамбени намирници за лицата од социјалните категории, утре во 11:30 часот градоначалникот Бакрачески заедно со претставници од советот на Општина Охрид и локалната администрација ќе го посети маркетот „Тинекс“ лоциран на 7-ми Ноември и со свој прилог ќе придонесе за поддршка на оваа хуманитарна акција.