Во рамки на својата програма за превентивна здравствена заштита на населението, Центарот за јавно здравје Охрид ќе започне со имунизација-вакцинација против сезонски грип, која ќе се врши секој работен ден почнувајќи од утре, 17-ти октомври (четврток) од 8:30 до 15:00 часот во амбулантата на Епидемиолошката служба при Центар за јавно здравје Охрид.
Вакцината против сезонски грип е од производителот GlaxoSmithKline од Велика Британија, а цената чини 400 денари.