Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ полициската станица од Струга против Е.К. (69) од струшкото село Џепин поднесе кривична пријава.
Пријавениот, на 16-ти овој месец во семејниот дом во селото Џепин од огнено оружје пиштол испукал еден куршум кон неговиот син Б.К. (39). Куршумот пробивајќи ја вратата и нанел телесна повреда во пределот на дланката на внуката на пријавениот, а потоа завршил во градите на неговиот син.
Настанот се случил околу 11 часот и 30 минути откако помеѓу пријавениот и неговиот син настанала жестока вербална расправија. Револтиран од караницата, пријавениот од наткасна во кујната извадил пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,62 милиметри што го поседувал со дозвола и пукал кон неговиот син. Со повреди во пределот на градите, пријавениот со своето патничко возило го пренел повредениот син во општата болница во Струга од каде по неопходната медицинска интервенција е пренесен во клиничкиот центар во Скопје.
На местото на настанот, во присуство на истражен судија, јавен обвинител и полициски екипи, извршен е криминалистичко-технички увид при што пронајдена и одземена е една чаура како и пиштолот. Тие се предени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Дополнително при претрес во домот на пријавениот Е.К. пронајдена е и одземена една ловна пушка која тој ја поседувал со дозвола.