Во рамки на програмата „Општинско – корисна работа“, UNDP во соработка со Општина Охрид, Министерството за труд и социјални работи и Агенцијата за вработување, утре распишува оглас за шест месечно работно ангажирање на петмина невработени лица од Охрид.
Лицата ќе бидат ангажирани во обезбедување услуги од социјалната сфера, пред се за потребите на Здружението на лица со посебни потреби „Зраци“ од Охрид.
Огласот за вработување се однесува на луѓе кои имаат статус на долгорочно невработени или се членови на социјално загрозени семејства: самохрани мајки, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни лица.
За шест месечното работење, ангажираните лица ќе добиваат месечен надоместок од 6.000 денари за 20 работни часа неделно со вклучен персонален данок, но и можност да го регулираат работниот статус по изминувањето на посочениот период за работно ангажирање.