Од ноќеска на полноќ бензините ќе поскапат за половина, а дизелот за еден денар. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 80 денари, додека Еуросупер БС 95 ќе изнесува 78,50 денари за литар.На бензинските пумпи од полноќ новата цена на дизел горивото ќе биде 70,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59,00 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 се намалува за 0,409 денари за килограм, па така новата цена ќе биде 40,535 денари за килограм.