Американецот Дејвид Бабкок исплетил шал за Гинис додека трчал на маратон во Канзас Сити.
Според пишувањето на „Канзас Сити Стар“, овој професор по графички дизајн на Универзитетот во Мисури маратонот го истрчал за 5 часа, 48 минути и 28 секунди, а на целта стигнал со шал долг 4 метри.
Претходниот рекорд го држеше Сузи Хјуер која минатата година исплетила шал од два метри додека трчала на лондонскиот маратон, како би собрала пари за истражување на Алцхајмеровата болест.
Исто како неа, и 41 годишниот Бабкок се надева дека луѓето ќе дадат прилози за Ајцхајмеровото Здружение.
Овој графички дизајнер започнал да се занимава со трчање и плетење пред три години, но како две посебни активности. Од неодамна тој одлучил да ги спои тие две работи, со што трчањето, односно плетењето би го направил поинтересно.