Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до граѓаните на Охрид по повод 23 Октомври – Денот на формирање на ВМРО и Ден на македонската револуционерна борба

По повод 23 октомври-Денот на формирањето на ВМРО и Денот на македонската револуционерна борба, ОК ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Охрид им го честита големиот државен празник

„Создавањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација-ВМРО, пред 120 години на 23 октомври 1893 година во Солун, претставува најзначајниот историски момент во организираната борба на македонците за формирање на своја независна Македонска држава.

Во овие моменти на чествување на големиот празник, се сеќаваме и ги спомнуваме сите револуционери и борци, кои низ историјата ги втемелија своите животи за создавање на самостојна, независна и достоинствена Република Македонија.

Нам како ВМРО-ДПМНЕ, наследници на принципите и идеологијата на историската ВМРО од 1893, имаме обврска да го продолжиме делото на нашите предци, да ги почитуваме и достојно да ги применуваме оние национални и патриотски постулати на кои се формира и за кои се бореше, најголемата и најзначајна македонска револуционерна организација. 

Нашата денешна генерациска битка е насочена кон подобрување на животниот стандард на граѓаните, борба за повеќе работни места во Охрид, враќањето на достоинството на градот, воведување на нови принципи кон вреднување на човечките квалитети и отворање на перспективи и можности за младите во Охрид. 

НЕКА Е ВЕЧЕН ИДЕАЛОТ НА ВМРО И ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА!“