СВР Охрид со честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

„По повод празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, упатуваме искрени честитки до сите граѓани и желби за среќен и долговечен празник.

Почитувајќи ги вековните идеали и стремежи за слобода на македонскиот народ, како демократска и професионална институција, доследно ја продолжуваме борбата за изградба на стабилен безбедносен систем и  ефикасно справување со  криминалитетот.  Работиме неселективно, законски и етички имплементирајќи ги современите Европски стандарди за полициско работење и проактивен пристап  со јавноста. 

Посветени сме кон почитување и зајакнување на човековите права и слободи и блискост со граѓаните и го даваме нашиот придонес во зацврстувањето на Република Македонија како правна, модерна и безбедна Европска земја.“