Младата тенисерка Тања Стојановска повторно со одлични резултати

17-годишната Тања Стојановска од ТК Охрид учествуваше на Државното тениско првенство на Македонија за сениорки, кое се одржа во ТК Југ во Скопје од 21-23 октомври, и го освои второто место. Во финалето загуби од Магдалена Стоилковска со 6:3, 6:4. Забележителен успех постигна и 15-годишниот Стојан Стојановски од ТК Охрид, кој стигна до четвртфиналето на Државното тениско првенство на Македонија за сениори.

Тања Стојановска во изминативе два месеци учествуваше и на четири ИТФ тениски турнири за млади тенисери до 18 години од цел свет, и постигна одлични резултати, стигнувајќи на три од нив до четвртфиналето во поединечна конкуренција, а на два турнири играше финале во дубл конкуренција заедно со партнерката Јована Кениќ од Србија.

TeniskiKlubOhrid02 TeniskiKlubOhrid01