Гратчето Рјукан кое се наоѓа во Норвешка, на 150 километри западно од Осло, не го грее сонце од септември до март, кога сончевите зраци се премногу ниски за да пробијат низ планинскиот венец, каде што се наоѓа.
Сместено на дното од долината, опколено со високи планини, ова индустриско и туристичко гратче имаше недостаток од сончеви денови.
Благодарение на џиновските огледала поставени 450 метри над гратчето, жителите можат да им се радуваат на сончевите зраци.
Идејата за џиновски огледала постои повеќе од 100 години во ова место, кога еден жител предложил високо на планината да се постават огледала кои ќе ги одбиваат сончевите зраци и ќе го осветлат градот. Но, тој проект од технолошки причини никогаш не бил реализиран, туку подоцна била изградена жичарница со која жителите можат да одат до сончевите врвови од планините.