ФЗОМ: Електронски здравствени картички им се предадени на вкупно 60.000 осигуреници во Охрид и Струга

Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Маја Парнарџиева Змејкова денес беше на работна посета во Охрид и Струга.

На работните средби во Охрид и Струга беше констатирано дека електронските здравствени картички им се предадени на вкупно 60.000 осигуреници, што претставува 60 отсто од вкупниот број осигуреници во Охрид и Струга. Во моментов има 11.000 изработени картички што осигурениците треба да си ги подигнат.

  • Диркеторката на ФЗОМ Парнарџиева Змејкова упати апел до граѓаните на Струга кои имаат ниски примања, како и до пензионерите, да одат во подрачната служба на ФЗОМ и да си ја подигнат картичката. 
  • Во Охрид директортката Парнарџиева Змејкова упати апел до лицата во работен однос, односно до фирмите да одат да си ги подигнат електронските здравствени картички. 

ФЗОМ со задоволство информира дека за неполни два месеци, по враќање на чело на ФЗОМ на директорката Парнарџиева Змејкова, формирана е посебна работна група од 5 лица за дистрибуција на електронските здравствени картички со цел за кординација на дистрибуцијата на електронските здравствени картички и забрза нивното издавање. Имено, ако на ниво на цела држава, во периодот до 30 август 2013 година биле издадени 650.000 електронски здравствени картички, од 30.08 до 25.10.2013 тој број се зголемил на 881.000.

Оваа акција е таргетирана со цел да се запази законскиот рок за издавање на електронската здравстена картичка и Фондот да биде сигурен дека сите осигуреници навремено ќе ја добијат електронска здравствена картичка со што ќе може да ги користат сите поволности од електронсиот здравствен систем.

Посетата на директорката на ФЗОМ и на нејзиниот тим е во насока на унапредување на условите за работа на подрачните служби на Фондот и подигнување на квалитетот на услугите кои Фондот ги обезбедува за своите осигуреници.