Министерството за здравство финансиски ќе го поддржи реализирањето на мерката што ја предлага Министерството за труд и социјална политика за продолжување на породилното отсуство за три месеци, кои нема да бидат платени.
Според министерот за здравство Никола Тодоров, продолжувањето за три месеци на неплатено породилно отсуство, ќе биде покриено со здравствено осигурување.
„Тој дел финансиски ќе биде покриен од програма на Министерството за здравство за да нема прекин во осигурувањето на жената што одлучила да добие три месеци дополнително породилно отстуство и потоа да нема проблем да добие определена здравствена услуга“, рече министерот Тодоров, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Покрувањето на здравственото осигурување во тие три месеци, според Тодоров, нема да повлече многу средства.
„Тоа не биде требало да бидат големи средства, имајќи предвид дека ќе се оди со програмата за привремено неосигурани лица, што е прилично голема, над милијарда годишно. Не очекувам дека средствата тука ќе бидат значително големи. Станува збор за три месеци, а имаме околу 20.000 породувања годишно“, рече Тодоров.