Одржана 12-та седница на Советот на Општина Охрид

Со 15 гласови за, советниците едногласно ги усвоија 23-те предлог одлуки кои  беа на дневен ред на денешната 12–та седница на градскиот Совет, откако по предлог  на Секретарот на Општината, Димитар Спасески, беа повлечени двете точки 22 и 23 од урбанистичката сфера. Истите беа повлечени откако советниците од коалицијата „Сојуз за иднината“, ја напуштија седницата затоа што судот не одговорил на нивното барање да се укине притворот за претседателот на ОО на СДСМ –Центар, Мирослав Шиповиќ.

Меѓу позначајните точки на дневен ред  на денешната седница беше, разгледувањето на состојбата на Општината во однос на долгот што таа го има кон свои доверители. Советниците ги изгласаа и  предлог  одлуките за  усвојување на Извештајот за остварување на  Буџетот  за периодот од 01.01. до 30.09.2013 година и донесување на Буџетски календар на општина Охрид за 2014 година. Градските избраници, денес дадоа зелено светло и за Одлуката со која се намалуваат давачките на охриѓани кон  ЈП „Градски Гробишта“ од 1200 односно 750  на  само 600 денари на годишно ниво.

Sovet29Okt07