Најавените проекти на Субрата Рој во Македонија одат според планираното, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во врска со последната одлука на индискиот суд да му забрани да ја напушти Индија.
„За нас е најважно што се оди според планираното во делот на реализација на пороектите што Сахара груп ги има во Република Македонија во делот на Џумајлија каде што имаат купено земјиште и се одвиваат инвестициски и други активности. Таму има стрикни рокови до кога треба да се заврши и тоа е она што го следиме се друго е прашање на Индија, институциите, системот во Индија, Сахара како компанија и тоа ќе го решаваат во рамки на нивниот правен систем“, рече Ставрески одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Прашан за стапката на пензиско и инвалидско осигурување, министерот рече дека нема да има намалување и оти Владата ќе продолжи да се грижи за пензионерите.