Бугарските цариници запленија 73 килограми хероин

Бугарските цариници запленија 73 килограми хероин, пронајдени во еден автомобил кој во Бугарија влегол од Турција, а вредноста се проценува на 4,5 милиони евра.

Националната царинска служба соопшти дека во празниот простор зад задното седиште пронашла 22 пакетчиња дрога, при што возачот веднаш бил уапсен.

Цариниците наведоа дека тоа е најголема количина на запленета дрога пронајдена во автомобил во Бугарија во последните 5 години. Дрогата најверојатно од Азија била наменета за нарко-пазарот во Западна Европа.