По неколку децении, Охрид добива нов уреден влез. Осветлениот грб на Општината, изработен од бехатон плочки, обоен во соодветни бои и патоказна стрелка која насочува кон Охрид, изведена од декоративни растенија, од денес ќе ги пречекуваат гостите на градскиот влез на магистралниот пат Охрид- Струга. Околниот простор кој досега беше неуреден е дооплеменет со уредена зелена површина и многу цвеќе. Проектот за поубав градски влез е на Општина Охрид, а го реализираат јавните претпријатија, „Охридски Комуналец“, „Нискоградба“ и „Градски гробишта“.
Деновиве, надлежните општински служби го санираа дефектот на електричната мрежа по што градскиот влез е целосно осветлен.