Од ноќеска на полноќ на бензинските пумпи ќе се точат поевтини горива за два денари.Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена Еуросупер БС- 95 ќе биде 76,50 денари за литар, додека на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 78 денари за литар. И цената на дизелот ќе се намали за два денари, па неговата нова цена ќе биде 68,50 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе чини 57,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 39,457 денари за килограм.