Внимавајте – „стока“ на патот!

Ова на сликава не е кенгур и не се случува во Австралија, но кај и да е тука е некаде во охридскава околија, во нашава Македонија. Коњ ли е, магаре ли е – не е важно, но важно е: опасно е! Опасно по возачите и по патниците на нашите патишта! Затоа, возачи, внимавајте! Си имате работа со непредвидливо и не многу паметно суштество за кое не важат сообраќајните знаци ниту известувањата на патоказите. Инаетот и тврдоглавоста му се поголеми и над се! И по цена на неговиот живот, а богами и по цена на вашиот! Затоа, внимателно и без трубење со сирените! Тоа нема којзнае колку да ви помогне! Најпаметно би било да ги известите надлежните за одржување на безбедноста на патиштата… да реагираат, за да бидете и вие и другите покрај вас – безбедни!

Mazga1 Mazga2 Mazga3 Mazga4 Mazga5 Mazga6 Mazga7