100 палми ќе го красат централното градско подрачје на Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески и в.д. директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски ги засадија првите палми, кои се дел од планот за реализација на есенската акција за пошумување „Ден на дрвото“.

„Сметаме дека на овој начин ќе дадеме придонес во хортикултурното уредување на градот и во разубавувањето на централното градско подрачје се со цел Охрид да биде убаво место не само за гостите, туку и за жителите. Ова само почеток, во иднина во соработка со Македонски шуми и ЈП Охридски комуналец планираме да спроведеме уште неколку активности за уредување на зелените површини. За две до три години Охрид ќе биде најубаво уредениот град во Македонија“, – истакна градоначалникот Бакрачески.

„Нашите стручни служби извршија анализи и беше донесен заклучок дека во Охрид треба да се засади овој вид, влакнеста палма која издржува и на температури и до минус десет степени. Станува збор за млади садници, поради што на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе му дадеме упатства за одржување во зимскиот период“, – потенцира в.д. директорот Караџоски.

Палмите се медитерански вид адаптиран на нашите климатски услови.

palmi4852