„Кисел облак“ ќе го уништи животот на Земјата во 2014 година?

Астрофизичарот д-р Алберт Шервински кој работи на Универзитетот во Кембриџ, тврди дека наредната 2014 година „кисел облак“ ќе го уништи нашиот соларен систем и ќе го убие целиот жив свет на Земјата, но според НАСА, нема никакви податоци за „мистериозниот облак“.

Шервински кој соработува и со НАСА, убеден е дека „киселиот облак“ се движи кон нашата планета и дека следното лето може да дојде до судир кој ќе уништи се живо.

И покрај тоа што НАСА соопшти дека нема никакви податоци за „киселиот облак“, критичарите на НАСА сметаат дека експертите намерно ги кријат лошите вести за да се избегне паниката кај луѓето.