Започнува 43-от Златен Гонг 2013

Денес, организациониот одбор на „ЗЛАТЕН ГОНГ СКОПЈЕ 2013” директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски, претседателот на Боксерката федерација Војо Настевски и секретарот Душко Сачкарски одржа прес конференција со што ја запозна јавноста во делот на досегашните активности околу организацијата на меѓународниот боксерски турнир.

Во делот на потврдени екипи беа презентирани детали за следните учеснички држави АНГЛИЈА, ВЕЛС, ШКОТСКА, НИГЕРИЈА, АЛБАНИЈА, БУГАРИЈА, СЛОВЕНИЈА, КОСОВО, ЦРНА ГОРА, СРБИЈА, РОМАНИЈА и домаќинот МАКЕДОНИЈА.

Организациониот одбор информираше за почетокот на турнирот кој ќе започне во петок, 08.11.2013 год. со полуфинални борби во спортската сала „25 МАЈ” во Радовиш со почеток од 16:00 часот а свечено отворање со почеток од 17:30 часот.

Додека финалните борби се предвидени да се одржат во сабота, 09.11.2013 год. во Спортскиот Центар „Борис Трајковски” мала сала со почеток во 11:00 часот, со пренос во живо на првиот програмски сервис на Македонската радио-телевизија.

Пријавени репрезентации учеснички се дванаесет (12) држави со шеесет и еден (61) боксер и тоа:

АНГЛИЈА – 6 БОКСЕРИ

ВЕЛС – 5 БОКСЕРИ

НИГЕРИЈА – 6 БОКСЕРИ

АЛБАНИЈА – 7 БОКСЕРИ

ШКОТСКА – 6 БОКСЕРИ

СЛОВЕНИЈА – 5 БОКСЕРИ

СРБИЈА – 3 БОКСЕРИ

РОМАНИЈА – 2 БОКСЕРИ

ЦРНА ГОРА – 3 БОКСЕРИ

БУГАРИЈА – 4 БОКСЕРИ

КОСОВО – 5 БОКСЕРИ

МАКЕДОНИЈА – 9 БОКСЕРИ