Телевизори, компјутери, печатари, уплатни ливчина и низа технички помагала за обавување на дејност се одземени во вчерашната акциска контрола во три спортски кладилници во струшките села Велешта и Радолишта.
Во акцијата што ја реализираа инспектори од криминалстичката полиција од Струга во содејство со УЈП беа опфатени спортски кладилници што извршуваат дејност без соодветна лиценца.
Одземените предмети се дадени во надлежност на управата за јавни приходи по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.