Во Охрид регистрирани 43 случаи поврзани со семејно насилство во првите 9 месеци од 2017

Во првите девет месеци од оваа година, на подрачјето на Охрид, регистрирани се вкупно 43 казнени дела поврзани со семејното насилство од кои: 14 дела „телесна повреда при вршење семејно насилство“, 27 дела „загрозување на сигурноста“ и две казнени дела „противправно лишување од слобода“. Овие казнени дела се извршени од 43 сторители против кои се поднесени вкупно 41 кривична пријава. Регистрирани се вкупно 44 жртви на семејното насилство од кои најголемиот број се женски лица (сопруги, партнерки, мајки, баби). Во помал број случаи жртви се мажи (сопрузи, партнери). Од вкупно…

повеќе...

Кривична пријава за две лица кои изготвиле лажни испратници за дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измамување на купувачи”, продолжено казнено дело ,,фалсификување или уништување на деловни книги”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(46) од струшкото село Велешта како и против С.П. (53) од Вевчани за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на оваа година, пријавениот Е.Ќ. во својство на директор на правениот субјект „Лира 2016“ ДООЕЛ Струга, нелегално набавил 32 метри просторни дрвна маса и со употреба на погодно средство им ги отстранил ознаките. Тој, од второпријавениот С.П. вработен референт…

повеќе...

Скопјанец измамил жител од Лешани на кого му зел 10 јагниња

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(64) од Скопје. Пријавениот, во текот на април годинава, остварил телефонски контакт со, сега оштетениот М.О. од селото Лешани, општина Дебрца и лажно му се претставил дека е застапник на Синдикатот од Државната болница во Скопје. Со намера да се стекне со противправна имотна корист, пријавениот А.Н. го довел во заблуда сега оштетениот и од него побарал да му продаде 10 јагниња од по 40 килограми. По претходен меѓусебен договор, на 13 април, А.Н.…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец кој физички ја нападнал неговата баба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Охрид. Казненото дело, пријавениот го сторил на 31 јули оваа година во 23 часот и 30 минути во својот дом на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид. Тој започнал да тропа на вратата од спалната соба која била заклучена, а во која спиела неговата 80 годишна баба. Откако ја отворила вратата, пријавениот влегол внатре и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по главата и телото, при тоа нанесувајќи и повреди и…

повеќе...

Приведен осуденик во Кичево

На 19-ти овој месец, полициски оперативци од полициската станица од Кичево го пронајдоа и приведоа Р.А.(41) од Куманово – осудено лице на издржување на казна затвор во траење од 20 години за повеќе сторени тешки казнени дела. Истиот е лишен од слобода, а потоа е спроведен во Казнено поправниот дом во Штип. На 14 август, Р.А. бил пуштен на викенд со обврска да се врати на 16 август до 18 часот. Бидејќи не се вратил во Казнено поправната установа, по распишана потерница по него, полициските службеници од Кичево направија оперативни…

повеќе...

Пронајдена дрога и запленети рибарски мрежи во близина на кампот „Андон Дуков“

Во координирана акција на СВР Охрид и криминалистичката полиција при Министерството за внатрешни работи реализирана во Охрид, пронајдени се и одземени околу 40 килограми зеленкаста растителна материја, најверојатно опојна дрога марихуана. Акцијата, беше реализирана вчера околу 9:00 часот во близина на автокампот „Андон Дуков“. Спроведувајќи ја акцијата, полициските оперативци извршија претрес во метална барака на една нива во близина на кампот при што биле затекнати две лица од Охрид, а биле забележани четири најлонски црни вреќи во кои имало 16 прозирни најлонски паковки. При претресот извршен по добиена наредба од судија…

повеќе...

Стружанец извршил кражба во куќа откако го пронашол клучот под церга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(31) од Струга. Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од осми до четиринаесетти јули оваа година, во куќа сопственост на С.Л. од Струга, при што противправно присвоил: 700 евра во разни апоени, 5500 денари и 22 американски долари. Д.М. во куќата влегол со оригинален клуч што го пронашол под цергата пред влезната врата, потоа извршил пребарување низ собите, ги пронашол парите и на излегување повторно ја заклучил влезната врата од…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец кој ограбил продавница

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.Н. (26) од Кичево. Пријавениот, казненото дело го сторил на ден 26-ти јуни оваа година во продавница за прехрамбени производи лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Тој, во периодот од 15 до 16 часот, преку отворен прозор над излогот од продавницата, успеал да влезе во внатрешноста и одзел цигари, други производи и 3.000 денари оставени во касата. Со извршување на казненото дело, пријавениот Е.Н. се стекнал со противправна имотна корист…

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Центар Жупа поради незаконит риболов

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, полициската станица од Дебар поднесе привична пријава против С.И. (31) и И.О. (26), двајцата од селото Долгаш, општина Центар Жупа. Пријавените, казненото дело го сториле на четврти овој месец во 00.50 часот во водите на Дебарското езеро. Тие биле забележани во незаконит риболов од концесионерот на Дебарското езеро а потоа затекнати од полициските службеници. При извршената контрола, кај пријавените пронајдени се и одземени еден чамец марка „Интекс-Еxплорер 400“, една мрежа во должина од 400 метри и четири парчиња уловена…

повеќе...

Криминална група осомничена за трговија со луѓе и други кривични дела

Oдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.А.(1954), поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти“ и „посредување во вршење проституција“, Ф.А.(1990), Д.А.(1961), Б.Н.(1954), З.Д.(1956) сите од Охрид, потоа О.Ч.(1996) и М.А.(1996), двајцата од Велес поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, додека Ф.А., Б.Н. и З.Д. се пријавени и…

повеќе...