Денес во Брисел, Дејан Пановски одржа презентација пред ENCSEC иницијативата, донатори и дипломати од ЕУ, за напредокот во Дримскиот проект и потребата од натамошна заштита на Охридското Езеро. Пановски упати порака за потребата од зајакнување на институциите, за продолжување на присуството на меѓународните иницијативи во регионот и за искористување на позитивниот политички момент за акција.
Врвните претставници на донаторите и агенциите изразиле поименично јавна пофалба кон Пановски за сите залагања заедно со Тимот околу воспоставувањето на Дримскиот Дијалог и институционалните залагања за прекугранична заштита и на Охридското езеро, со препорака тој пристап да биде пример и со обврска дека меѓународните иницијативи и натаму ќе бидат активни во нашиот регион.