Локалниот клуб на жени „Деница“ кои се дел од Лајонс клубовите од Охрид денеска, во продолжение на Холандскиот парк засадија 43 бели рози.
„Денеска се собравме на ова место, каде што ќе биде во иднина традиционален парк на Лајонс клубови од Охрид под покровителство на Лајонс дистрикт 132. Оваа година Лајонс дистрикт 132 започна една иницијатива, за среќа ние во Охрид први ја почнуваме, да работиме за чистотата на својата околина. Со проектот садиме бели рози. Зошто бели рози? Затоа што белите рози го собираат оловото од природата, па еве еден мал наш допринос да разубавиме и да прочисчистиме. Да дадедме еден допринос за почиста околуна, а со тоа ќе ја подигнене свеста на населението, дека со негување на населението, со негување на бели рози, со негување на нашата природна дар што ни ја дава природата да делуваме за почиста животна околина“, – истакна д-р Јулијана Василевска, член на Локалниот клуб на жени „Деница“.
Во овој проект се вклучи и Локалната самоуправа, односно 23 бели рози, колку што брои локалниот клуб на жени „Деница“ обезбедија Лајонс клубовите, а останатите 20 ги обезбеди општина Охрид.
Од Лајонс клубот „Деница“ се надеваат дека ќе се придружат и ќе ги поддржат и другите хуманитарни организации.
Голема благодарност до Локалната самоуправа за поддршката на оваа акција упати претседателката на локалниот клуб на жени „Деница“, Лила Вучетиќ.
„Јас како претседател на Лајонс клуб „Деница“ да се заблагодарам прво на локалната самоуправа која ни даде подршка за оваа активност, да стане традиција за месец ноември да биде месецот на розите, на белите рози. Посебна благодарност до Лајонс членката Славица Петроска која во оваа активност се даде неизмерно во реализирање на овој ден и се надевам дека нашиот град,нашите граѓани ќе земат учество во овој проект каде што не е некоја инвестиција,секој да си допринесе за својата околина, за својот дом по еден корен, барем да се одбележи овој месец ноември. Со тоа, се надевам дека Охрид ќе добие нов епитет покрај што е бисер, нашиот град ќе биде и градот на белите рози“, – рече Вучетиќ.
WebOhrid