Два авиони се судрија во воздух на висина од 3300 метри над Висконсин во САД, но за среќа нема жртви.
Во моментот на судирот, падобранците се спремале за скок. На снимката направена од страна на еден од патниците во авионот може да се види моментот на судирот, по што едниот авион се сруши, додека пак другиот успеа да слета на пистата.
Сите 11 луѓе ја преживеаа оваа несреќа, а единствено повреден е само пилотот на оштетениот авион, кој успеал да скокне со падобранот за итни случаи.